Се преговара со нови странски компании
Мултинационална групација од прехранбениот сектор, чиешто име засега не се открива, планира да рестартира неколку пропаднати капацитети и на тој начин да почне да работи во земјава...

Се преговара со нови странски компании за инвестиции во Македонија. Мултинационална групација од прехранбениот сектор, чиешто име засега не се открива, планира да рестартира неколку пропаднати капацитети и на тој начин да почне да работи во земјава.
Агенцијата за привлекување странски инвестиции е во преговори со швајцарска софтверска компанија којашто треба да отвори работа за 80 ИТ инженери, а американска компанија од автомобилскиот сектор го скенира Бунарџик за отворање фабрика каде што би работеле 500 луѓе.
Кон крајот на октомври во зоната во Скопје стартува американски „Капкон“.
