Унгарската војска почна подготвителни вежби на јужната граница
10.09.2015 10:41
Владата најави дека ќе испрати војници на унгарско-српската граница за да им помогнат на полицијата во справување со бранот бегалци....

Војската на Унгарија почна подготвителни вежби доколку треба да интервенира на јужната граница. Владата најави дека ќе испрати војници на унгарско-српската граница за да им помогнат на полицијата во справување со бранот бегалци.
Додека на терен се поставува нова бодликава жица, се очекува во Парламентот да бидат изгласани поригорозни мерки за мигрантите.
