Ново киднапирање на Исламска држава

10.09.2015 10:49

Џихадистите ги објавија фотографиите на двајцата заложници, кои се облечени во жолта униформа, но се уште не е познато каде биле киднапирани и која е сумата која ја бараат за откуп...

Екстремистите од ИД во Сирија држат во заложништво еден норвежанец и еден кинез и бараат откуп за нивното ослободување.

Џихадистите ги објавија фотографиите на двајцата заложници, кои се облечени во жолта униформа, но се уште не е познато каде биле киднапирани и која е сумата која ја бараат за откуп.

Норвешката премиерка Ена Солберг потврди дека во Сирија е киднапиран жител на Осло.