Пожар и експлозии на опасни хемикалии во Феникс

10.09.2015 10:52

Пожарот предизвикал екплозии, при што буриња полни со катран летале во воздух, а црн чад се забележувал на неколку километри од местото на инцидентот...

Голем пожар во индустриската  зграда со опасни хемикалии во Феникс, во американската сојузна држава Аризона.

Пожарот предизвикал екплозии, при што буриња полни со катран летале во воздух, а црн чад се забележувал на неколку километри од местото на инцидентот.

Спасувачките екипи се на терен и ги  евакуираат  жителите.  Се уште не се познати причините за инцидентот.