Три момчиња пронајдени мртви во автомобил во Лос Анџелес
10.09.2015 10:57
Во автомобилот бил најден и ножот со кој на момчињата им биле нанесени смртните повреди...

Три момчиња на возраст од осум до 12 години се најдени мртви во автомобил во Лос Анџелес. Во автомобилот бил и нивниот татко, кој со тешки повреди е хоспитализиран.
Случајни минувачи го пријавиле убиството. Во автомобилот бил најден и ножот со кој на момчињата им биле нанесени смртните повреди.
Полицијата се уште ги истражува причините за несреќата, но се претпоставува дека нивниот татко го извршил убиството, а потоа се обидел да се самоубие.
