Богата фестивалска програма на МОТ
10.09.2015 11:04
Организаторите за 40-ти јубилеен МОТ најавуваат богата фестивалска програма што ќе ги обедини вљубениците во театарот...

Младиот отворен театар (МОТ) и годинава ќе се одржи во традиционалниот термин од 23-ти до 28-ми септември. Организаторите за 40-ти јубилеен МОТ најавуваат богата фестивалска програма што ќе ги обедини вљубениците во театарот.
Младиот отворен театарот во своето четиридецениско постоење прерасна во белег на главниот град. Годинава во 6-те фестивалски вечери ќе донесе повеќе театарски претстави и перформанс.
