Издадени потврди на 1.830 мигрнати за 24 часа

10.09.2015 11:22

До одделението за азил нема поднесени барања за признавање на право на азил...

За 24 часа се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.830 странски државјани. За речиси 3 месеца се издадени потврди на над 68 илјади странски државјани.

До одделението за азил нема поднесени барања за признавање на право на азил. Од започнувањето на издавањето на потврдите досега се поднесени 49 барања за признавање на право на азил.

Вчера низ државава транзитирале околу 6 илјади мигранти од прифатниот камп во Гевгелија до Табановце. Според проценките на надлежните институции, и во текот на денешниот ден бројката на мигрантите што ќе влезат во Македонија нема да биде помала.