Градинрските производи поскапи, граѓаните не се откажуваат од зимница

10.09.2015 12:52

Градинарските производи поскапи или џебовите на граѓаните попразни? Продажбата на пазарот во Велес е намалена, но, граѓаните лесно не се откажуваат од традиционалната зимница...

Пазарите преполни, дилемата сѐ поголема, дали и колку да се подготвува традиционалната зимница?! Градинарските култури неопходни за подготвување зимница секоја година се поскапи или пак куповната моќ на граѓаните се намалува, но традицијата треба да се одржува, велат анкетираните велешани.

„Купуваме, но зависи дали е домашно производство... Правам апетитка, ајвар обавезно, руска салата од зеленчук...“, велат анкетираните велешани.

За многумина повисоките цени на градинарските производи се резултат од поплавите кои во минатиот период ја зафатија земјава.

„Помало е производсвото и ќе нема... Тешка работа... И поплавите и времето влијаат, некаде 50 проценти од родот го нема“, тврдат пазарџиите и продавачите.

Младите пак се погласни, брзото темпо на живот диктира зимницата да се купува од рафтовите во поголемите маркети.

 

Дијана Иванова