Орав: Нема план Б за изборот на специјален обвинител

10.09.2015 12:58

Специјален јавен обвинител мора да се избере, став на евроамбасадорот Аиво Орав...

Целосна имплементација на договорот од 2-ти јуни и 15-ти јули. Специјален јавен обвинител мора да се избере, став на евроамбасадорот Аиво Орав.

„Многумина прашуваа изминативе денови дали има план Б за тоа ако нема договор за обвинителот. Нема план Б. Тој мора да биде назначен на 15 септември, и лично многу сум охрабрен од говорот од пред два дена на премиерот Груевски и на лидерот на опозицијата, Заев, со пораките дека партиите сакаат да ја завршат оваа работа. Има и некои други, преостанати работи. Сигурен сум дека, ако не во претстојните часови, тогаш во претстојните денови, тие работи ќе завршат на конструктивен начин. Во интерес на земјава треба специјалниот обвинител да се избере на 15-ти септември, а на 16-ти веќе да почне со работа“, изјави евроамбасадорот Аиво Орав.