Европски стандарди во полициското работење

10.09.2015 13:11

За шест месеци секторот за внатрешна контрола од проверените 831 случај на посочени пречекорувања на овластувањата, за 104 службени лица е утврдена одговорност...

Исполнувањето на европските стандарди во областа на правдата и внатрешните работи, почитувањето на основните права и слободи се постулати врз кои се темели полициското работење, вели ресорниот министер Митко Чавков.

За шест месеци секторот за внатрешна контрола од проверените 831 случај на посочени пречекорувања на овластувањата, за 104 службени лица е утврдена одговорност.

Поднесени се и седум кривични пријави против 14 вработени во Министерството за внатрешни работи.