Вториот човек на „Јаху“ доби отказ

17.01.2014 11:43

Оперативниот директор на интернет гигантот  „Јаху“, Енрике де Кастро, доби отказ од извршната директорка на компанијата, Мариса Мејер, која пред точно една година го најми за да ја извршува функцијата.

Директорката Мејер за отказот на де Кастро ги информираше вработените со „ладен“ меил во кој напиша: “Размислував и на крајот донесов тешка одлука нашиот досегашен оперативен директор Енрике де Кастро да ја напушти компанијата. Го ценам неговиот преидонес во ’Јаху’ и му посакувам се најдобро во идните проекти“, напишала Мајер, пренесува „Би-Би-Си“.

Во последните шест месеци односите помеѓу де Касатро и Мејер биле значително влошени, па затоа извршната директорка на компанијата се одлучила на овој чекорл, додава „Би-Би- Си“.

Де Кастро  е еден од најбараните и најплатени менаџери во „Силициумската долина“ во САД, а покрај отказот од „Јаху“, тој ќе добие и бонус од 20 милиони долари во акции од компанијата, покрај 39,2 милиони долари кои веќе ги заработи минатата година.