Поплави во Јапонија, 90.000 луѓе ги напуштиле домовите
10.09.2015 13:43
Деведесет илјади луѓе ги напуштиле домовите, а се претпоставува дека ќе се евакуираат многу повеќе...

По обилните дождови Јапонија ја погодија поплави. Деведесет илјади луѓе ги напуштиле домовите, а се претпоставува дека ќе се евакуираат многу повеќе.
Реките им се закануваат на градовите во двете префектури на север на земјата, а метеоролозите повторно најавуваат обилни дождови.
