90 арбитри за мирно решавање на работните спорови

10.09.2015 13:57

Со 90 арбитри ќе се достигнуваат ирските искуства кадешто 85 насто од споровите се решени со договор, а не на суд...

Наскоро споровите меѓу работодавачите и вработените ќе се решаваат со арбитража надвор од судовите. Со 90 арбитри ќе се достигнуваат ирските искуства кадешто 85 насто од споровите се решени со договор, а не на суд.

Законот кој треба да го овозможи ваквиот начин на решавање на работните спорови веќе е на сила од јануари годинава. Процесот на помирување кој ќе го водат помирувачите е бесплатен за страните. Надоместоците за работата на помирувачите се на товар на државата.

Државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Енвер Хусеин, истакна дека овој начин ќе им овозможи на работниците и на работодавачите ваквиот вид спорови да ги решат спогодбено вонсудски.