Конференција на началниците на ГШ на армииите на САД-Јадранската повелба во Охрид

10.09.2015 14:01

Конференцијата на А-5 групата претставува највисок форум на началници на генералштабовите на кој ќе се дискутира за иницијативите и заложбите за зајакнување на партнерството и соработката во областа на одбраната во регионот...

Охрид ќе биде домаќин на 19-тата конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите членки на Јадранската група, што ќе се одржи од 16-ти до 18-ти месецов.

Конференцијата на А-5 групата претставува највисок форум на началници на генералштабовите на кој ќе се дискутира за иницијативите и заложбите за зајакнување на партнерството и соработката во областа на одбраната во регионот.

Според началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски, САД-Јадранската повелба е еден од најуспешните проекти за регионална соработка, а фактот што Македонија е домаќин, а БиХ претседавач со конференцијата покажува колку е добра соработката меѓу земјите членки на А-5.

Очекува присуството на високи воени раководители од САД на претстојната конференција во Охрид да и даде дополнителна тежина и да претставува импулс за побрз прием во НАТО на земјите од регионот.