Непроценливо вредни уметнички дела од Сирија завршуваат на црниот пазар

10.09.2015 14:09

Во многуте уништени храмови коишто се запалени и срушени од припадниците на таканречената Исламска држава има остатоци од уметнички дела со непроценлива вредност...

По шестмесечна тајна истрага новинарските екипи на телевизијата „CBS“ откриле злоупотреба на уметнички дела од Сирија на црниот пазар во шокантни размери.

Се што не е срамнето со земја во оваа разорена земја завршува на црниот пазар. Во многуте уништени храмови коишто се запалени и срушени од припадниците на таканречената Исламска држава има остатоци од уметнички дела со непроценлива вредност.

Новинарите што лажно се претставиле како заинтересирани за купување, се сретнале со препродавач Сириец кој живее во Турција. Тој им понудил непроценливо вреден мозаик од римско време и тоа за само 60 илјади долари.

Се верува дека тоа е еден од начините за финансирање на Исламистите. Многубројни уметнички дела завршуваат во САД.