Владата ги усвои измените за ин витро оплодување за трето и четврто дете

10.09.2015 14:58

Со измените на Законот за здравствено осигурување, се предвидува ослободување од партиципација од 6 илјади денари на граѓаните кои ќе добијат право да остварат ин витро постапка,вели директорот на Фондот, Сашо Стефановски...

На денешната владина седница помина предлогот за бесплатно ин витро оплодување за трето и четврто дете.

Со измените на Законот за здравствено осигурување, се предвидува ослободување од партиципација од 6 илјади денари на граѓаните кои ќе добијат право да остварат ин витро постапка,вели директорот на Фондот, Сашо Стефановски.

Трошоците кои ќе ги имаат брачните двојки за целокупната постапка и за партиципацијата ќе бидат комплетно на товар на Фондот за здравствено осигурување.