Пожари беснеат во Австралија

17.01.2014 11:46

Европската Унија ја откажа традиционалната вечера со рускиот претседател Владимир Путин поради спорот со Украина. Вечерата требаше да се одржи ден пред почетокот на самитот на Европската Унија и Русија на 28 јануари. Тензиите почнаа минатата година откако Брисел ја обвини Русија дека се обидува да ја одврати Украина од доближување до ЕУ. На состанокот се предвидени средби меѓу рускиот претседател Путин, претседателот на Европската комисија Баросо и претседателот на Европарламентот Ромпуј.

Вашингтон

Сириските опозиционери денеска треба да гласаат  дали ќе учествуваат на мировните преговори во Швајцарија на 22 јануари, откако државниот секретар на САД Џон Кери ја повика сириската опозиција да не ги бојкотира разговорите.. Официјален Дамаск го потврди учеството, но сириската опозиција најави бојкот. Москва апелираше на конференцијата да биде повикан и Иран.
Чеченија
Претседателот на руската кавкаска република Чеченија Рамазан Кадиров, тврди дека има докази дека водачот на исламистичките бунтовници Доку Умаров е мртов.  Умаров е еден од најрадикалните исламисти и  беше осомничен дека  е организатор на терористичките напади во Русија минатите недели.

Тајланд

Расте тензијата во Тајланд. Илјадници луѓе кампуваат на улиците на Бангкок и во повеќе поголеми градови. Експлозивна направа експлодирала пред домот на гувернерот на Бангкок.Нема повредени, причинета е само материјана штета. Демонстрантите бараат оставка на премиерката Шинаватра.

Австралија
Австралија гори. Се уште се активни над 700 пожари, а досега се евакуирани две илјади луѓе. Пожарникарите се борат со огнената стихија, но високите температури кои го надминуваат 40 Целзиусов степен,  ја отежнуваат работата. Три момчиња се уапсени под сомнение дека додека кампувале го предизвикале пожарот во близина на Лос Анџелес. Издадено е предупредување за внимателно возење, а во гаснењето на пожарот, кој е опасност за градот, се вклучени 700 пожарникари и хеликоптери.