Отворена сувенирница на ГП Табановце
Граѓаните и туристите кои поминуваат низ овој граничен премин ќе имаат можност да се снабдат со сувенир кој го отсликува богатото култрно наследство на Македонија...

На граничниот премин Табановце е отворена продавница со сувенири од Македонија. Ова е 19-та од вкупно 20 планирани сувенирници со владиниот проект, чија цел е туристичка промоција на Македонија. Граѓаните и туристите кои поминуваат низ овој граничен премин ќе имаат можност да се снабдат со сувенир кој го отсликува богатото култрно наследство на Македонија.
„Мислам дека од огромно значење се овие сувенирници кои што имаат можност да понудат значајни, вредни, артефакти, голем број предмети кои што верувам дека секој посетител или турист што поминува низ овој простор може да си купи вреден ваков предмет и да се сеќава на Македонија и на нашето богато кулурно наследство“, изјави министерката за култура Канческа- Милевска.
Министерката додаде дека останува да се промовира сувенирницата на ГП Деве Баир. Потсети дека ваква сувенриница е поставена и на ГП Богородица.
