Промовирани нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

10.09.2015 15:20

Опфатени се преводи од повеќе жанрови, а досега од класиците на светската книжевност се преведени вкупно 472 дела. Проектот треба да заврши кон крајот на годинава со преведени 560 книги...

Промовирани нови 30 книги во рамките на едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“. Опфатени се преводи од повеќе жанрови, а досега од класиците на светската книжевност се преведени вкупно 472 дела. Проектот треба да заврши кон крајот на годинава со преведени 560 книги.

„Оваа 12-та промоција на едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ нека не потсети дека писменоста е благослов кој го овозможува човековиот напредок. Ние како Влада ќе продолжиме да ги поддржуваме овие проекти кои значат збогатување на севкупниот културолошки фонд на Република Македонија“, нагласи премиерот Никола Груевски претставувајќи ги новообјавените наслови.

Ратко Дуев, член на стручната редакција на едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“, подвлече дека многу јазици од светот со овој проект се преточени во еден јазик - македонскиот и дека со новите 30 тома пред читателите се нови три милиони зборови.