Фараж распалил по Самарас!

17.01.2014 11:52

Британскиот европратеник Најџел Фараж распалил по грчкиот премиер Андонис Самарас, нарекувајќи го предавник на демократијата, за време на својот говор во Европскиот парламент. Фараж исто така потсетил  дека Грција веќе не е под контрола на Самарас, туку дека главниот збор  сега го имаат странските кредитори, односно Тројката (Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка).

„Сигурен сум дека вашиот успех преку ноќ во преговорите со Тројката ќе ги натера луѓето да се радуваат и танцуваат на улиците низ Атина. Без оглед на тоа што вашата земја, лошо советувана од Голдман Сакс, се приклучи кон заедничката валута (евро), која никогаш не и одговараше. Без оглед на тоа што 30 проценти од населението се невработени, 60 проценти од младите се невработени, поддршката за Неонацистичката партија е во пораст, и имаше терористички напад над Германската амбасада. Не се грижете за ова, само поради тоа што преговорите со Тројката беа успешни. И ова на многу начини, ги сумира двете Европи", му порачал Фараж на Самарас.

 „Многу ми е жал што морам да ви посочам дека вие веќе не сте на чело на Грција, и ви предлагам да го промените името на вашата партија, таа се вика „Нова демократија", но јас ви предлагам да ја прекрстите во „Нема демократија", бидејќи Грција сега се наоѓа под странска контрола", посочил британскиот европратеник.

Во својот говор, Фараж се осврнал и на се погласните барања за создавање на „Обединети европски држави", потенцирајќи дека граѓаните на Европа не го сакаат тоа, туку тие сакаат „Европа на суверени држави", кои ќе работат и тргуваат заедно, а сето ова ќе биде адресирано и за време на европските избори годинава.