Договорот со Иран за нуклеарната програма предизвика жешка дебата во Вашингтон
Договорот со Иран за нуклеарната програма е тема на жешка дебата во Вашингтон, но ќе биде една и од главните прашања на престојното Генерално Собрание на Обединетите нации во Њујорк. Поранешниот американски потпретседател Дик Чејни од администрацијата на Џорџ Буш, предупреди за опасностите ако биде усвоен овој договор. Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама одговори дека тој не е во право...

Поранешниот американски потпретседател Дик Чејни изрази загриженост за договорот со Иран за нуклеарната програма. Според него, со овој договор може да дојде до нуклеарен напад врз САД. Иран ќе доминира на Блискиот Исток и ќе ги загрози американските сојузници. Чејни предвидува Европа да биде поплавена со бегалци.
„Овој договор му дава на Иран средства да лансира нуклерен напад врз територијата на САД, ја доведува во опасност безбедноста на сојузниците на Блискиот Исток, и се заканува на безбедноста во Европа, и не треба да биде заборавено дека овој договор ќе има големо влијание за безбедноста на еврејскиот напад во иднина“, изјави Дик Чејни, поранешен американски потпретседател.
Иран би добил 150 милијарди долари по укинувањето на санкциите, што според поранешниот американски потпретседател, ќе бидат искористени и за финансирање на терористички групи во Јемен, Ирак и во Сирија. Ова ќе придонесе за нов бран бегалци кон Европа. Белата куќа писмено одговори на критиките од Чејни дека тој треба да го поддржи договорот, зошто немал право за Ирак додека бил на функција, а сега нема право и за договорот со Иран.
Следната недела американскиот Конгрес ќе гласа за договорот со Иран што администрацијата во Белата куќа сака да биде усвоен. Мнозинството конгресмени се против овој договор.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
