Безбедно складирање на отпадоците од кланиците

11.09.2015 10:41

Отпадоците од кланиците мора да бидат безбедно складирани и отсранети. Кај нас тие најчесто завршуваат во депонија, а во други земји се користат како суровина за индустријата...

За да се намали здравствениот ризик од потенцијалните опасности за луѓето и добитокот, собирањето, транспортот и складирањето на отпадот од животинско потекло мора да се врши во соодветни услови.

Освен кожите, отпадоците, најчесто се фрлаат во депониите додека некои земји ги  користата во козметичката и во фармацевтската индустрија за креми за лице, сапуни и шампони.

Со мала адаптација и кај нас постојат можности за развој и примена на ваквата технологија.

Досега, се бараат само кожите, а се друго се фрла.

 

Методија Трајков