Од понеделник почнува чистењето на Црна Река
11.09.2015 10:52
Чистењето кое вклучува и санирање на 12 пропусти, ќе почне од местото Трој Крсти кај Прилеп, па се до село Брод, кое се наоѓа до самата граница со Грција...

Од понеделник почнува чистењето на Црна Река во должина од 30 километри, најавуваат од Општина Новаци. Чистењето кое вклучува и санирање на 12 пропусти, ќе почне од местото Трој Крсти кај Прилеп, па се до село Брод, кое се наоѓа до самата граница со Грција.
Со планот за чистење е опфатена и реката Елешка, која се влева во Црна Река. Со координативното тело ќе раководи градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски.
Во февруарските поплави тесните грла на реката им нанесоа огромни штети на жителите од општините Новаци и Могила.
