Исплатени 37,4 милиони денари за млеко на 1.791 сточари
11.09.2015 11:31
Висината на мерката изнесува 3,5 денари по произведен и продаден литар млеко со вклучена дополнителна поддршка од 15 отсто...

Владата денеска исплати субвенции за овчо, кравјо и козјо млеко во износ од 37,4 милиони денари. Средствата се исплатени на сметките на 1.791 сточари, соопштуваат од Министерството за финансии.
Инаку висината на мерката изнесува 3,5 денари по произведен и продаден литар млеко со вклучена дополнителна поддршка од 15 отсто за подрачја со отежнати услови за производство.
