14 години од терористичкиот напад на кулите Близначки
Како и секоја година, главната церемонија ќе биде одржана во Националниот меморијален центар во Њујорк...

Соединетите Американски Држави ја одбележуваат 14-годишнината од терористичкиот напад на кулите близначки, во кој животот го загубија речиси 3 илјади лица.
Американскиот претседател Барак Обама ќе ја посети воената база во Форд Мид, каде ќе разговара со војниците кои се грижат за безбедноста на државата. Како и секоја година, главната церемонија ќе биде одржана во Националниот меморијален центар во Њујорк.
Терористичкиот напад на 11-ти септември 2001 година го извршија припадници на Ал Каеда. Министерството за правда соопшти дека полицијата во Флорида, уапсила маж кој подготвувал напад во Канзас токму на одбележувањето на годишнината од терористичките напади.
