Тројца загинати, 25 лица исчезнати во катастрофалните поплави во Јапонија

11.09.2015 12:03

Локалните власти соопштија дека во областа Осака изутрината нивото на водата достигнало повеќе од 10 метри, по што околу 400 илјади луѓе веднаш се евакуирани...

Се уште трае спасувачката акција во најпогодените области во источна Јапонија. Во акцијата се вклучени повеќе од 50 хеликоптери и 6.000 спасувачи. Илјадници луѓе се евакуирани во текот на ноќта.

Според последните податоци, три лица загинале од свлечиштата и надојдената вода, додека 25 се водат за исчезнати, а има и голем број повредени.

Локалните власти соопштија дека во областа Осака изутрината нивото на водата достигнало повеќе од 10 метри, по што околу 400 илјади луѓе веднаш се евакуирани.

Официјални лица предупредија дека дождовите ќе продолжат и во следните денови.