БИ- БИ- СИ: Исламска држава произведува и употребува хемиско оружје

11.09.2015 12:06

Според изворот екстремистите најверојатно имаат формирано посебна борбена ќелија која се занимава со производство на хемиско оружје...

Џихадистите од Исламска држава произведуваат и употребуваат хемиско оружје во нападите во Ирак и Сирија, објави БИ- БИ- СИ, повикувајќи се на американски функционер.

Според изворот екстремистите најверојатно имаат формирано посебна борбена ќелија која се занимава со производство на хемиско оружје.

Русија пак потврди дека ја опремува Сирија со воена техника и хуманитарна помош, што беше причина за неколкуте итни телефонски разговори меѓу Кери и Лавров.

Бугарија и Грција, по налог на Вашингтон ги забранија прелетите на руските воени воздухоплови во нивниот простор.