МВР издаде потврди на 958 мигранти

11.09.2015 12:32

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-806, Авганистан –80, Ирак-44, Палестина-15, Пакистан-седум, додека другите се во помал број...

Во последните 24 часа издадени се потврди на вкупно 958 странски државјани. Од нив 665 се од машки пол, 155  се од женски, 107 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 32 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-806,  Авганистан –80, Ирак-44, Палестина-15, Пакистан-седум, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни до денеска издадени се потврди на вкупно 69.743 странски државјани, од кои, 46.913 се од машки пол, 9.610 се од женски, 11.360 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.860 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-56.617, потоа Авганистан-4.166, Ирак-3.260, Пакистан-1.983 Палестина-823, Сомалија-583, Бангладеж-477, Конго-328, Нигерија-208, Камерун-163 Еритреја-146, Етиопија-117, Судан-103, додека останатите се во помал број.