„Монструм“ пред скопска Апелација
11.09.2015 12:59
Во образложението на пресудата на скопскиот Кривичен суд беше наведено дека петкратното убиство било монструозно, а осудените биле меѓусебно поврзани...

Случајот „Монструм“ пред скопска Апелација. Одбраната за осудениците на доживотен затвор бара нивно ослободување. Во образложението на пресудата на скопскиот Кривичен суд беше наведено дека петкратното убиство било монструозно, а осудените биле меѓусебно поврзани.
Алил Демири и Африм Измаиловиќ сеуште се недостапни за македонските судски власти бидејки се наоѓаат во затвор во Приштина.
Петкратното убиство беше извршено пред три години во пресрет на Велигден.
