Попоски за „Фигуело“: Размислуваме за затворање на границата
„Променета е состојбата бидејки порано прифаќавме по петстотини бегалци, а сега дневно веќе доаѓаат три до четири илјади“, изјави министерот Попоски...

Во интервјуто за унгарскиот магазин „Фигуело“, министерот за надворешни работи Никола Попоски, изјави дека Владата размислува за физичко затворање на границата, бидејки дневно повеќе илјади мигранти пристигнуваат на јужната граница.
„Променета е состојбата бидејки порано прифаќавме по петстотини бегалци, а сега дневно веќе доаѓаат три до четири илјади“, изјави Попоски.
Без надворешна помош нема да можеме да им помогнеме на мигрантите, вели министерот и додава дека и Македонија ја префрла топката на територија на друга држава, но тоа не е европски договор, заклучува шефот на македонската дипломатија за унгарскиот весник.
