Нови обврски за домашните оператори со храна
Задолжително ќе треба да биде означено името на производот, нутритивната табела и составот на производот каде ќе мора да бидат наведени сите алергени доколку ги има производот...

Од 13-ти ноември сите производители на храна ќе мора да го почитуваат новиот правилник и на производот да наведат задолжителни, дополнителни и доброволни информации.
Задолжително ќе треба да биде означено името на производот, нутритивната табела и составот на производот каде ќе мора да бидат наведени сите алергени доколку ги има производот. Минималната големина на буквите треба да биде 1,2 милиметри со цел да бидат видливи за потрошувачите кои ќе се информираат за производот што сакаат да го купат.
Со ова ќе бидат наведени сите состојки што ги содржи производот според Регулативата за безбедност на храна на Европската Унија. Во спротивно следуваат казни од илјада до десет илјади евра.
