За пониски сметки потребна е енергетска ефикасност
Како што покажа истражувањето кое го спроведоа Центарот за животна средина „Еко свест“ и Универзитетот Манчестер од Англија, најефикасно решение е енергетската ефикасност на станбените згради...

Потребно е владата да продолжи со финансиска поддршка на домаќинствата со ниски приходи кои не се во можност да ги плаќаат сметките за струја, парно греење и за огревно дрво. Како што покажа истражувањето кое го спроведоа Центарот за животна средина „Еко свест“ и Универзитетот Манчестер од Англија, најефикасно решение е енергетската ефикасност на станбените згради.
„Долгорочното решение за овој проблем мора да е енергетската ефикасност. Сметаме дека во Македонија и во Европа се потребни посеопфатни политики за подобрување на енергетската ефикасност на станбениот фонд, посебно термичка излоација, но и системи за греење, снабдување со енергија“, изјави проф. д-р Стефан Бужаровски.
На тој начин значително ќе се заштеди во потрошувачката на енергија, а граѓаните ќе имаат пониски сметки за струја.
