3.800 унгарски војници градат нова ограда

11.09.2015 13:46

Унгарскиот министер за одбрана потврди дека секој ден се градат по 10 километри...

3.800 унгарски војници се распоредени на Унгарско – српската граница. Учествуваат во изградбата на уште една ограда која би го спречила приливот на мигранти. Унгарскиот министер за одбрана потврди дека секој ден се градат по 10 километри.

Додека во секој момент расте бројот на раселени луѓе,  владата се соочува со напади за нехуман однос кон бегалците. Австриска волонтерка објави видео во кое се забележуваат лошите  услови во кампот во селото Роске. Околу 150 мигранти се туркаат во обид да дојдат до храна.

Во меѓувреме австриските власти од изутрината затворија автопат поради големиот број бегалци кои се движат по коловозот .