„Лазар“ ќе го отвори „Браќа Манаки“, награди за Ганц и Серебрјаков

11.09.2015 13:12

Организаторите најавија богата програма со преку 215 долгометражни и краткометражни филмови и документарци од домашни и странски автори...

Македонскиот игран филм „Лазар“ на режисерот Светозар Ристовски свечено ќе го отвори 36-тото издание на филмскиот фестивал Браќа Манаки. Организаторите најавија богата програма со преку 215 долгометражни и краткометражни филмови и документарци од домашни и странски автори.

Бруно Ганц и Алексеј Серебрајков се добитници на „Златна камера 300“ одлучи фестивалското жири составено од реномирани филмски работници, додека наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ ќе отиде во рацете на карикатуристот Дарко Марковиќ.

Филмскиот фестивал ќе се одржи од 18- ти до 27- ми септемви во Битола.