Разбиен меѓународен канал за шверц на дрога, уапсени 11 лица

11.09.2015 14:40

Полициските акции во текот на вчерашниот ден се извршени во Дебар и во Тетово, а меѓународната полициска операција била во соработка со Министерствата на внатрешни на Србија и на Албанија...

Разбиен меѓународен канал за шверц со дрога при што се уапсени вкупно 11 лица. Полициските акции во текот на вчерашниот ден се извршени во Дебар и во Тетово, а меѓународната полициска операција била во соработка со Министерствата на внатрешни на Србија и на Албанија.

Вчера во Тетово и во Дебар се запленети марихуана, хероин и кокаин. Приведените биле дел од меѓународна шверцерска група и криумчареле наркотици, а биле вклучени и во шверц со мигранти.

Повеќе детали во Дневник 1 на МРТ1 во 17 часот.