Почна втората фаза од проширувањето на „Трета Македонска бригада“

11.09.2015 14:59

а делницата ќе се постави нова атмосферска канализација како и улично осветлување за што градот вложи речиси 102 милиона денари. Во првата фаза беа потрошени 147 милиони денари...

Почнува втората фаза од проширувањето и реконструкцијата на „Трета Македонска бригада“ во Скопје, во должина од 1.400 метри. На делницата ќе се постави нова атмосферска канализација како и улично осветлување за што градот вложи речиси 102 милиона денари. Во првата фаза беа потрошени 147 милиони денари.

„Со реализацијата на втората фаза Скопје конечно ќе добие нов булевар со кој ќе се пробие уште едно тесно грло во овој дел од градот. Комплетирањето на булеварот ќе придонесе за поголема проточност на возила и растоварување на сообраќајот. Сето тоа ќе ги намали гужвите, нервозите и времето потребно да се стигне до работа или до дома“, нагласи преиерот Никола Груевски.

Со проширувањето се предвидува улицата да добие четири сообраќајни ленти, зелен појас од 1,5 метри, велосипедска патека покриена со асфалт широка два метра и тротоар од бекатон плочки широк 3 метри. Ќе се изгради и средишна разделена жардиниера од пет метри.