Се зголемува бројот на бегалците на границите
11.09.2015 15:06
Мигрантите се префрлаат со автоубуси и со такси возила поради штрајкот на машиновозачите во земјава...

Над седум илјади и шестотини мигранти влегле во изминатово деноноќие во земјава со што се удвојува бројот на бегалците коишто накусо ги прифаќаат македонскте власти, а потоа транзитираат до македонско- српската граница.
Мигрантите се префрлаат со автоубуси и со такси возила поради штрајкот на машиновозачите во земјава.
Според последните информации од МВР над седумдесет илјади мигранти транзитирале низ земјава од 19-ти јуни годинава откако се донесени измените на Законот за азил.
