Стапката на невработеност во вториот квартал намалена на 26,8%
Во второто тримесечје од 2015 година, според Статистика, активното население во Република Македонија брои 956.174 лица од кои вработени се 699.578, а 256.596 лица се невработени...

Стапката на невработеност во земјава продолжува континуирано да се намалува, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје од оваа година, стапката на невработеност изнесува 26,8%.
Споредено со вториот квартал од 2014-та година, кога стапката на невработеност изнесувала 28,2 проценти, намалувањето изнесува 1,4 процентни поени.
Во второто тримесечје од 2015 година, според Статистика, активното население во Република Македонија брои 956.174 лица од кои вработени се 699.578, а 256.596 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период е 57% , стапката на вработеност е 41,7%.
