Голем собир за независноста на Каталонија во очи на пресудните избори
Од синоќа, илјадници луѓе низ плоштадите на Барселона извикуваат слогани за независност, а за денешниот собир се најавени 485 илјади Каталонци...

Стотина илјади Каталонци ќе се соберат во Барселона за да ги поддржат партиите коишто се заложуваат за отцепување на Каталонија од Шпанија. Ова се најавува во очи на регионалните избори закажани за 27 септември, информира Хина.
Од синоќа, илјадници луѓе низ плоштадите на Барселона извикуваат слогани за независност, а за денешниот собир се најавени 485 илјади Каталонци. Првиот на листата на движењето за независност наречено „Заедно за да“ поранешниот Европратеник Раул Ромева, рекол дека тоа се кампања и избори на нивниот живот.
По повод националниот ден на Каталонија, според податоците на полицијата во 2012 се собрале над 1 милион луѓе.
