Избор меѓу лиценцирана дадилка и градинка
Професорот Ацевски вели дека дадилките мораат да поминат обука за чување деца, бидејќи станува збор за специфична работа. Особено во случајов каде станува збор за дете кое што нема ниту една година, период клучен за неговиот развој...

Родителите да внимаваат кому го доверуваат детето да им го чува, додека се на работа, предупредуваат социолозите. Посочуваат дека најчесто се несвесни за ризиците и можат да преживеат хорор како оној што деновиве ја потресе јавноста. Изборот треба да се сведе на дадилки со лиценца или градинка. Професорот Ацевски дава предност на второто.
„Сепак тие колективни форми, можеби се поиздржливи, во смисла што сепак тоа е јавно. Поединецот не може да направи насилство, зашто го гледаат другите. На оној на кој му е дадено да го чува детето затворен во дом може да си дозволи некои нешта кои не се во ред“, вели универзитетскиот професор Илија Ацевски.
Професорот Ацевски вели дека дадилките мораат да поминат обука за чување деца, бидејќи станува збор за специфична работа. Особено во случајов каде станува збор за дете кое што нема ниту една година, период клучен за неговиот развој. Статистиката на приватните агенции за негувателки е поразителна. Од 100 кандидати, само шест или седум ги задоволуваат критериумите за работа со деца.
„Мораат да поминат низ некој филтер дека кој ќе покаже дека се доволно психолошко подготвени да го издржат тој напор да чуваат мали деца, тоа е тешка работа. Но кај нас тоа го нема, има десетици, стотици такви во скопје кои го работат тоа, а немаат никаква оспособеност, никаков филтер дека можат да го работат тоа“, вели професрото Ацевски.
Темата стана актуелна откако беше објавено видео на кое се гледа како дадилка малтретира 9 месечно бебе. Таа е во притвор. И се заканува затвор од една до 10 години.
Андријана Атанасовска
