Фестивал на органска храна
Целта на оваа манифестација е промовирање и поттикнување на традиционалниот начин на одгледување храна без штетни хемиски средства...

Фестивал на органска храна ќе се одржи денеска во општина Ѓорче Петров, на која ќе учествуваат 15 произведители на здрава-органска храна од Република Македонија.
Целта на оваа манифестација е промовирање и поттикнување на традиционалниот начин на одгледување храна без штетни хемиски средства.
На фестивалот покрај презентација на производите, ќе се подготвува и здрава храна на стар, традиционален македонски начин.
Според Општина Ѓорче Петров ваков вид манифестации се одлична туристичка презентација и можност за заинтересирани земјоделци од блиску да се запознаат со условите, предностите и можностите кои се нудат во производството на здрава храна.
