Утре истекува рокот за избор на специјален обвинител
14.09.2015 10:29
Според последната изјава на белгискиот експерт Ванхауте подготвена е предлог верзијата за измена на Законот...

Утре истекува рокот за избор на специјалниот обвинител. По работниот викенд на политичките партии, нема официјални информации дали е постигнат договор.
Според последната изјава на белгискиот експерт Ванхауте подготвена е предлог верзијата за измена на Законот.
Согласно со договорот од Пржино, до 15-ти септември треба да има нов специјален обвинител со целосна автономија да ја води истрагата за случаите „Прислушување“ и „Пуч“. Треба да го именуваат потписниците.
