Доцни бербата на црвената индустриска пиперка

14.09.2015 10:37

Конзервните фабрики се загрижени за навременото исполнување на договорите за извоз кои доцнат скоро 20-тина дена...

Подготовката на зимници годинава ќе доцни. Поради временските услови бербата на црвената пиперка е одолжена за најмалку 20-тина дена.

Градинарите велат дека ќе има доволно пиперки и наскоро се очекува да почне помасовна берба, а со тоа и пазарните цени ќе бидат и пониски.

Годинава уште во јуни, преработувачите и градинарите ги договорија минималните откупни цени. Куртовска капија од прва класа, ќе се откупува по 22 денари за килограм. Мешаната прва и втора класа по 18, а втората класа по 13 денари.

 

Методија Трајков