Германија привремено воведе контроли на границата со Австрија
14.09.2015 10:43
Целта е да го намали приливот на бегалци за поефикасна контрола...

Германија привремено воведе контроли на границата со Австрија, но во рамките на Шенгенскиот договор. Целта е да го намали приливот на бегалци за поефикасна контрола.
На барање на Берлин, австриските власти на 12 часа ги запреа возовите за Германија. Според министерот за внатрешни Томас Де Мезиер, бегалците нема да можат да ја изберат земјата домаќин, а членките на Европската унија мора да ги прифатат квотите.
Планот за прифаќање на 160 илјади бегалци е тема на денешниот вонреден состанок на министрите од Унијата во Брисел.
