Зимница: Цените посолени, но за ајвар мора да има!

14.09.2015 11:10

ако високите температури ја одложија сезоната на зимница, домаќинките ги прават последните подготовки за македонскиот специјалитет. Теглите се измиени, останува да се купат пиперките...

На пазарите од изурината е раздвижено, се бара најквалитетната ајварка. Иако високите температури ја одложија сезоната на зимница, домаќинките ги прават последните подготовки за македонскиот специјалитет. Теглите се измиени, останува да се купат пиперките. Велат, без ајварот не може да се замисли нашата трпеза, но и зимница ќе има.

„Секоја година потпечени пиперчиња си правам, ајвар, лутеница, феферончиња си ставам, карфиолче, туршија, од се помалку да има.“ 

„Обично правиме колку да имаме за нас.“  

Годинава цените се посолени, но за зимница мора да има. Граѓаните сакаат да прават домашен ајвар и да ја продолжат традицијата, додека пак оние кои немаат време сами да го подготват ќе купуваат од маркет.

„Високи се цените сеуште, но би сакале да направиме домашен ајвар.“

„Временски немам толку време, па ако треба ќе си купам.“

„Јас мислам дека е поубаво своја рака што ќе направи е тоа е поубаво.“

„Ќе правиме ајвар и лутеница“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.  

Имаме одлична понуда, но слаба побарувачка- се жалат пазарџиите. Велат дека поради временските услови кои влијаеа на родот,  цената на ајварката годинава е поскапа.

„Зависи од квалитетот од 40 до 60... Летото беше многу жешко, а пролетта врнежлива, така и работа се поднамали...“, велат пазарџиите.

Оваа сезона тегла ајвар ќе ве чини од околу 150 денари.

 

Викторија Милевска