Директорката за Западен Балкан во британското МНР во посета на Македонија

14.09.2015 11:52

За време на престојот, како што соопшти Британската амбасада, ќе се сретне со претставници од политичките партии и од граѓанскиот сектор...

Во посета на Македонија денеска и утре ќе престојува директорката за Западен Балкан и проширување на британското Министерство за надворешни, Фиона Мекилвам.

За време на престојот, како што соопшти Британската амбасада, ќе се сретне со претставници од политичките партии и од граѓанскиот сектор.

Посетата на Мекилвам е во рамки на редовната билатерална соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство.