Меимаракис: Јас ќе бидам премиер на Грција

14.09.2015 12:01

Меимаракис изјави дека има намера да биде премиер на Грција ако неговата партија победи на изборите в недела...

Лидерот на Нова Демократија, Евангелос Меимаракис, изјави дека има намера да биде премиер на Грција ако неговата партија победи на изборите в недела.

Во тој случај, како што рече, прво ќе им се обрати на Сириза и на Алексис Ципрас за формирање коалициска влада.

Според последните анкети, двете партии се се уште рамо до рамо во изборната трка.