Египетските сили убија 8 џихадисти поврзани со киднапирањето на Салопек
14.09.2015 12:03
Биле ликвидирани при едночасовна престрелка во пустинскиот региот Ел Вахат, југозападно од Каиро...

Египетските безбедносни сили убиле осуммина џихадисти поврзани со киднапирањето на Хрватот Томислав Салопек, кого го обезглави Исламска држава.
Биле ликвидирани при едночасовна престрелка во пустинскиот региот Ел Вахат, југозападно од Каиро. Според истрагата, џихадистите биле вмешани и во атентатот врз главниот египетски обвинител Хишам Баракат.
Инаку, безбедносните сили по грешка убија и 12 луѓе, мексикански туристи и Египќани. Групата со четири возила влегла во забранета зона во Западната пустина за време на антитерористичка операција.
