Над 6.000 мигранти низ Македонија за еден ден
14.09.2015 12:06
Откако се спроведува регистрацијата на мигрантите, во земјава влегле 75.804 странски државјани...

За едно деноноќие речиси шест илјади мигранти поминале низ Македонија, покажуваат проценките на УНХЦР и невладиниот сектор.
Со седум специјални возови биле префрлени од прифатниот камп во Гевгелија до Табановце. Утрово кон северната граница се упатиле 1.000 бегалци.
Во текот на вчерашниот ден, полицијата има издадени 718 потврди за барање азил, а според статистиката најбројни се државјаните на Сирија, Авганистан и Пакистан.
Откако се спроведува регистрацијата на мигрантите, во земјава влегле 75.804 странски државјани, информираат од МВР.
