Калифорнија: Вонредна состојба поради пожарите
14.09.2015 12:09
Уништени се речиси 300 куќи, а уште повеќе се во опасност. Пожарите се последица на високите температури и повеќе години суша...

Гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба поради пожарите кои натераа на евакуација илјадници луѓе на северот на сојузната држава.
Уништени се речиси 300 куќи, а уште повеќе се во опасност. Пожарите се последица на високите температури и повеќе години суша.
Во борбата против нив државата само во јули потрошила 212 милиони долари.
